Славната актерка Риз Витерспун се разведе после 12 години брак и сега ужива (ФОТО)

by Тони Зографски

Риз Витерспун неодамна била фотографирана на луксузна плажа во Мексико.

Како што пренесуваат странските медиуми, ова на актерката ѝ е првиот одмор после разводот од Џим Тот со којшто поминала 12 години во брак.

Фотографиите се појавиле и на социјалните мрежи, а Риз во бело едноделно бикини ги почестила фотографите со широка насмевка на лицето.

Да ве потсетиме, Риз и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Џим Тот, се развеле после 12 години брак, а веста за тоа ја споделиле на социјалната мрежа Инстаграм. Исто така парот го дели старателството над 10-годишниот син.

„Имаме некои лични вести да ги споделиме… Со големо внимание и обѕир донесовме тешка одлука да се разведеме“, навеле во соопштението.

„Уживавме во толку прекрасни години заедно и одиме напред со длабока љубов, добрина и заемна почит кон сѐ она што го создадовме заедно“, напишале тие.

 

останати вести