Македонскиот актер Милан Тоциновски е човекот што вчера го бркаа со сатар во трговскиот центар “Лептокарија“.
-Не е точно дека не сум ја платил сметката во импровизираниот кинески ресторан во „Лептокарија“, јас не ни нарачав храна, бев нападнат откако дадов неколку забелешки за високата цена на нарачката и за бавната услуга, – изјави за Плусинфо Тоциноски и додава дека дека во еден момент вработената дури и замавнала со сатарот кон него и за среќа актерот успеал да се тргне.
Инаку, веднаш по драматичната сцена, глумецот откако успеал да се оттргне од двајцата насилници, од кои една жена, вооружена со сатар веднаш случајот го пријавил во МВР, а денеска требаше да даде исказ кај надлежен обвинител.
Инаку Милан Тоциноски во 2004 година во Сараево ја освои наградата за најдобра машка улога за улогата на младиот Кокан во филмот „Како убив светец“.
ВИДЕО: Маж и жена со сатар во рацете, бркаат момче низ Лептокарија
ВИДЕО: Маж и жена со сатар во рацете, бркаат момче низ Лептокарија
Posted by Press24 Fun on Wednesday, July 17, 2019