Американскиот актер Џони Деп е во Белград, каде започна со подготовките за снимање филмот “ Минамата“ . Голем број обожаватели го пречекаа во Белград, а холивудската ѕвезда има само едно барање за време на својот престој во српската престолнина.
Тој ќе биде сместен во апартманот на еден луксузен белградски хотел, а Џони Деп побара персоналот во ниеден случај да нема контакт со него. Вработените ќе можат славниот актер да го видат само од далечина, бидејќи тој во Белград донесе свои луѓе и послуга, кои во секој момент му е на располагање.
“ Персоналот на хотелот нема никаков контакт со Деп, тој е тамо само да преспие – откри извор за “Блиц“.
Инаку, Џони Деп во Србија ќе биде неколку недели за да го снима филмот “Минамата“ за славниот воен фотограф, Јуџин Смит. Од Србија, Деп го продолжува снимањето во Црна Гора.