Во сабота, точно напладне во Бифе Тафталиџе, во соработка со Сковин и Сузана Турунџиева, ќе се организира дружење со Атиџе Муратова на кое присутните ќе имате прилика лично да ја запознаат хероината на “Медена земја“.
Истовремено ќе биде претставено и најновото единаесетто дело на Сузана Турунџиева, “Зборотерапија“, а средствата од продадените книги да бидат лично донирани на Атиџе.
Инаку, пријателството на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова започна во септември годинава, по посетата на Сузе на домот на Атиџе во Бекирлија.