СКАНДАЛ НА ИЗБОР ЗА МИС: Сопругот на првата придружничка скокнал на сцената и ја скршил круната на победничката (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Натпревар за убавина во Бразил бил откажан откако лут сопруг скокнал на сцената и ја скршил победничката круна. На натпреварот LGBTQIAP+ наречен Мис Геј Мато Гросо 2023 година, победил Емануели Белини, но еден човек од публиката ја расипал победата.

Локалниот медиум О Глобо објави дека сопругот на првата вицешампионка се качил на сцената, ја зел дијадемата и ја фрлил на подот пред Белини да ја стави на глава. Организаторот на натпреварот Мелоун Хениш рекол дека човекот не мисли дека изборот бил фер.

Foto: Shutterstock/stedalle

„Најостро го осудуваме инцидентот што се случи во моментот на крунисувањето. Изборот на жирито беше фер и сочувствуваме со избраната мисица, како и со второпласираната бидејќи таа не е одговорна за лудите ставови на нејзиниот сопруг“, рекол Хаениш.

Освен инцидентот, овогодинешниот натпревар го одбележал и учеството на Даниела Аројо Гонзалес, која влегла во историјата како првата трансродова жена која се натпреварувала за титулата Мис Универзум Порториканка.

https://twitter.com/i/status/1663179403994583041

 

останати вести