Британскиот таблоид „Daily Mail“ објави неколку фотографии, за кои се вели дека се од ергенската вечер на принцот Вилијам.
На фотографијата се гледа како принцот танцува со русокоса девојка во сексапилен аутфит, откако испил неколку чаши текила и вотка.
Според „Daily Mail“ овие фотографии настанале во околу 3 часот наутро, а во позадина се слушала песната од „Billie Jean“ од Мајкл Џексон, а Вилијам изгледа како да не му е грижа за ништо во моментот. Со него бил и негов пријател, а сето тоа се случувало во подрумот на лондонскиот“К бар“.