Сега со една ретка фотографија се потсети како изгледала пред да ја започне својата професионална кариера.

На Инстаграм Стори, Наташа сподели стара фотографија која датира од крајот на минатиот век. Станува збор за насловната страна на локално списание, за кое таа е фотографирана во 1998 година.

Покрај фотографијата на која носи дводелен жолт костим за капење, кој беше окарактеризиран како „првата насловна страница на Наташа Беквалац создадена пред нејзината професионална кариера“, Наташа само додаде:

-17 години – и смајлиња кои се смеат и плачат од смеење, појаснувајќи колку години имала тогаш.