Инфлуенсерката Ана Стансковски ги изненади повеќето свои следбеници известувајќи ги дека името на своето момче го истетовирала среде челото.
Дека навистина го направила тоа потврдија и видеата кои ги објави вчера на Инстаграм, каде ја следат 108 илјади луѓе.
“Заљубена сум во мојата нова тетоважа како што сум вљубена во моето момче Кевин. И јас сум на мислење дека ако навистина сакаш некого, само треба да го покажеш тоа и да го докажеш. Со други зборови, ако твојот избраник не сака твоето име да биде истетовирано на нејзиното лице, мора да најдеш друга девојка затоа што очигледно не те сака.Да, и тоа е начин да покажеш љубов“, рече таа и додаде:
„И на сите вас кои ми кажавте дека ќе се каам за одлуката и дека јас и Кевин некогаш ќе раскинеме, сакам да ви кажам на сите дека вака ги изразувам моите чувства.“
Нејзиното видео собра повеќе од 14,7 милиони прегледи, а луѓето во коментарите дебатираа дали тетоважата е вистинска. „Се шегуваш“, „Не може, ова е шега“, „Кевин, бегај“, ѝ пишуваат.