Емили Пелегрини се појави на Инстаграм пред точно 4 месеци и за толку кратко време собра околу 123.000 следбеници.
Девојка со фантастични облини, тесен струк, долга кафена коса и шармантна насмевка е вистинска мамка за фудбалерите, ММА борците и милијардерите кои ѝ испраќаат различни понуди за поминување време во хотели со 5 ѕвезди, накит и автомобили.
Но, има една „цака“. Емили не е вистинска личност. Да, добро слушнавте.
Емили Пелегрини е модел генериран од вештачка интелигенција. Нејзините реалистични видеа, фотографии на кои таа се насмевнува се создадени од вештачката интелигенција, која на својот креатор му заработила 10.000 долари за само шест недели откако Емили е на Инстаграм.
„Го прашав Chat GPT како изгледа девојката од соништата на просечниот маж и пишуваше кафена коса, долги нозе, па ја направив токму она што го пишува“, изјави креаторот за Daily Mail.
“Целта беше да ја направам симпатична и привлечна. Сакав да биде што е можно пореална. Многу е интересно како мажите контактираат со неа. Преку Инстаграм таа добива директни пораки од навистина познати луѓе, како фудбалери, милијардери, ММА борци и тенисери. Мислат дека е вистинска. Ја канат во Дубаи да се одмори со нив.
Имаше момент кога си помислив: „Што се случува.
Еден познат фудбалер ја праша: „Како може толку убава дама да нема момче?“
Инспириран од добриот успех на Емили Пелегрини, нејзиниот креатор ја создаде и нејзината сестра Фиона, која веќе има над 30.000 следбеници на Инстаграм.