- Позитивно влијае на Вашето здравје
Да, добро прочитавте. Истражувањата откриваат дека кога ќе престанете да размислувате за сопствените проблеми и го свртите фокусот кон некој друг, нивото на стрес ќе почне да се намалува, вашиот имунолошки систем ќе се зајакне и ќе станете многу позадоволни со себе. Тоа е затоа што помагањето на некој друг го заменува чувствувањето на тензија со позитивни емоции, високо ниво на самодоверба. Според едно истражување на групацијата „ Обединето здравје“, околу една четвртина од испитаниците кои волонтирале се изјасниле дека тоа им помогнало да се справат со хронични болести. 94% рекле дека волонтирањето го подобрува нивното расположение, и 78% дека тоа им го намалува нивото на стрес.
- Го подобрува Вашето CV
Дали знаете дека волонтирањето го подобрува Вашиот профил, помага да оставите позитивен впечаток, изгледате поиновативни, покреативни и Ви нуди палета од корисни вештини. Тоа не е нешто што го зборуваат само луѓето кои волонтираат, туку и самите работодавци!
Во написот на „Adweek“ за состојбата на вработување во 2015 година, тие откриле дека работодавците го рангираат волонтерско учество повисоко од личната презентација, политичките врски и правописните и граматички грешки при согледањето на социјалното присуство на кандидатот. Британскиот совет, исто така, објави студија фокусирана целосно околу тоа како меѓународното искуство е во корист и на поединците, и на работодавците.
- Учење нови вештини
Од кои причини работодавачите толку многу ги сакаат волонтерите?
Работодавците сакаат кандидат со голем број на вештини и за среќа, волонтерството ви овозможува стекнување на многу. Секојдневно се соочувате со проблеми, морате да се справите со секаков тип на луѓе, сето тоа додека се справувате со живот надвор од Вашата „комфорна зона“. Сето ова придонесува за подобрување на вашата тимска работа, лидерство и решавање на проблеми.
Сè на сè, уште една одлична причина да волонтирате!
- Искуство од „реалниот свет“
Уште еден неверојатен мотиватор за волонтерство во странство се проникливите, реални искуства, што волонтерите ги добиваат на терен. Подгответе се да стекнете практично искуство, да заглавите во истражувањата за зачувување на дивиот свет, да сликате и да реновирате стари згради, да спроведете подводни истражувања, да следите јагуари, да поучувате мали деца, да стекнете искуство со сурфање или безброј други авантури.
Изберете ја вашата страст и на тој начин ќе го остварите својот сон во „реалниот живот“!
- Направете некаква промена
Волонтирањето, дома или во странство, секојдневно Ви дава шанса да оставите свој печат на општеството и на светот во кој би сакале да живеете. Тоа ви дава можност да бидете дел од нешто што е поголемо од вас и да ја користите вашата граѓанска одговорност за „општото добро“ .
Без луѓе кои се подготвени да го жртвуваат своето време и вештини за позначајни причини, многу повеќе луѓе и животни би ги снашла неубава судбина.
- Цели за одржлив развој на ОН
Во 2015 година, ОН ја објавија својата агенда за одржлив развој во наредните 15 години со вкупно 17 цели, од кои повеќето може да се остварат преку волонтерство. Наместо да се потпрете на вашата влада да ги реши овие проблеми до 2030 година, сите ние можеме да придонесеме на наш сопствен начин.
Оваа причина да волонтирате ви дава можност за да се справите со светските проблеми со свои раце и да одиграте активно учество во глобалната заедница.
- Променете нечиј живот
Што повеќе од ова за да се одлучите да волонтирате?
Вашите активности, без разлика дали се тоа големи или мали, влијаат на нечиј живот. Со тоа што ќе ги учите англиски јазик им помагате да излезат од сиромаштијата бидејќи им овозможувате вештина која ќе им донесе подобри можности за вработување. Овие деца и фамилии ќе имаат поубав живот во наредните генерации благодарение на Вас!
- Одговорно патување
Волонтирањето во странство ви овозможува да патувате со некаква цел. Тоа ви овозможува да го намалите вашиот еколошкиот отпечаток со навраќање на активности кои се етички и одржливи.
Пред да одлучите за некоја програма, размислете за следниве прашања:
- Каква корист ќе има локалната заедница?
- Дали организацијата ја почитува локалната култура?
- Која е причината за вашето волонтерско патување?
- Кој проблем ќе биде решен со крајниот производ?
Секогаш имајте на ум дека сте таму за да направите некаква промена и не можете да го направите тоа ако потребите на заедницата не се исполнети.
- Остварување на контакти
Волонтирањето овозможува запознавање на луѓе од целиот свет. Ви дава шанса да формирате вистински врски кои ќе имаат траен отпечаток во целиот Ваш живот. Можеби ќе го запознаете Вашиот нов најдобар другар, иден бизнис партнер, или ќе имате конверзација која ќе го промени целиот ваш живот.
- Учење нов јазик
Дали знаевте дека учењето на нов јазик ја зголемува моќта на Вашиот мозок? И ја подобрува вашата вештина да правите повеќе работи истовремено?
Со одвојувањето на време да научите нов јазик, ги отворате вратите кон таа култура, Ви помага да се соочите со тоа како гледате кон останатите култури и си помагате во изградување на сопствената личност.
- Со нови очи го гледате светот
Волонтирањето во странство го менува начинот на кој го гледате светот. Секојдневно доаѓате во контакт со луѓе од различни земји, потекло и квалитет на живот. Тоа ви покажува колку помалку може да имате а сепак да најдете причини да бидете среќни.
Оваа промена во перспективата го отвора вашиот ум за она што е навистина важно, ги отфрла старомодните стереотипи и ви покажува колку мали се вашите проблеми во споредба со туѓите.
- Добијте инспирација
Дали понекогаш се чувствувате како да сте заглавени во постојано вртење во круг? Или можеби не сте сигурни што да правите со својот живот или што да студирате по дипломирањето?
Можете да го користите волонтерството како причина да излезете од Вашата здодевна рутина и да дозволите тоа да Ви помогне да одлучите кој ќе биде Вашиот следен чекор кога ќе се вратите дома.
Притиснувањето на „пауза“, давањето на некаква цел на Вашиот живот или ставањето на туѓите проблеми пред Вашите, може да ве инспирира или да Ви даде идеја која ќе Ви предизвика интерес. Можеби ќе дојдете до идеи за тоа како да ја подобрите вашата заедница или да откриете нешто ново.
- Забавно е!
Се разбира, волонтирањето не е чекор кој треба да се преземе непромислено, и треба да се третира со најголема почит, но исто така е и забавно! Тоа е начин на кој ќе запознаете нови луѓе, ги прифатите културните традиции и различности и да искусите разни авантури.
За време на вашиот престој може да поминете викенд на остров, да спиете под ѕвездено небо, да пробате рафтинг…
…Листата на можности е бесконечна!
Комбинирајќи го ова со сите алтруистички причини за волонтерство, го прави незаборавно искуство кое ќе остане со вас до крајот на животот.