Наташа Беквалац настапи на новогодишната ноќ во Будва, Црна Гора, каде што ја доведе публиката до лудило.
Сепак, повеќе се зборува за нејзиниот аутфит и мистериозната порака што ја испрати, отколку за самиот концерт.
Наташа за дочекот избра многу провокативен стајлинг. Тоа беше корсет со циркони, кој го комплетираше со длабоки ракавици и атрактивно ланче.
аа имаше долго проѕирно здолниште во боја на кожа, како и мрежести чорапи. Сепак, јавноста беше заинтригирана од пораката што ја напиша Беквалац со оваа објава на Инстаграм.
Таа даде причина да се мисли дека Наташа можеби нашла нова љубов.
– Кого бакна на полноќ? Што си посака на полноќ? Не можам да ви кажам, но прекрасно е – напиша пејачката, а фановите веднаш почнаа да се сомневаат за кого се работи.