Музичката ѕвезда Бијонсе се појави во реклама за време на најгледаниот телевизиски пренос во светот, големото финале на мегапопуларниот Супербол.
Поп дивата наскоро ќе ги израдува своите фанови со нов албум. За време на Суперболот , Бијонсе се појави во реклама во која објави дека подготвува нешто ново.
Неколку секунди подоцна, на нејзиниот Инстаграм профил беше објавена најава за албумот „Act II“ со нови песни „Texas Hold’Em“ и „16 Carriages“. Албумот ќе излезе на 29 март.
Атрактивната и популарна пејачка предизвика вистински хаос на социјалните мрежи со своите последни објави посебно со голема новата фотографија која го најави албумот. Имено, Бијонсе на фотката е гола, на себе има само метални срценца.
Додека на главата има каубојски шешир, Бијонсе интимните делови од телото ги покрила со метални срциња.
Оваа слика за кратко време заработи повеќе од два милиони лајкови!