По 18 години брак, холивудскиот глумец Вилијам Шатнер кого публиката се сеќава најмногу по улогата во „Стар Трек“ поднесе барање за развод од неговата сопруга Елизабет, пренесуваат американските медиуми.
Според ТМЗ, двојката има предбрачен договор, па ниту Вилијам чие богатство се проценува на 100 милиони долари, ниту Елизабет нема да добие нешто што не му припаѓа, а разводот наскоро ќе биде финализиран и во судница.
Инаку, Елизабета која е поранешна тренер на коњи, со Шатнер се омажи во 2001 година, и е негова четвртата сопруга. Тој претходно беше оженет со Глорија Ранд (1956 – 1969), со која има три деца, Марси Лафреси (1973 – 1996) и Нерин Кид (1997 – 1999).
Нерин, поранешна манекенка која се бореше со зависност, почина на 9 август 1999 година. Актерот кога ја дознал веста за смртта на сопругата , бил пронајден во несвест на дното на нивниот базен. Полицијата тогаш утврдила дека алкохолот придонел за случајното давење.