Минатата 2020та година, сувата кашлица и треска беа јасни симптоми на ковид-19. Ако се појават главоболки и болки во екстремитетите, тогаш тоа беше јасен случај на грип. Кивање, течење на носот и болки во грлото, за среќа, само укажуваат на настинка. На овој начин, грубо поедноставено, може да се опише толкувањето на симптомите на почетокот на пандемијата.
Нови топ пет
Една неодамнешна студија во Обединетото Кралство објави податоци за симптомите – во Студијата за симптоми на Zoe COVID, заразените лица ги пријавиле своите тегоби и симптоми преку апликацијата. Согласно на тоа, симптомите се сменија, што е (иако не мора) последица на делта сојот, кој во моментов претставува 99% од инфекциите во Обединетото Кралство (податоци од 12 јули 2021 година). Еве ги различните групи:
Симптоми по две вакцини:
- главоболка
- течење на носот
- болки во грлото
- кивање
- губење на мирис
Симптоми по првата доза на вакцина:
- главоболка
- течење на носот
- болки во грлото
- кивање
- постојана кашлица (единствената разлика во споредба со целосно имунизирана)
Сите овие се проблеми што обично ги поврзуваме со обичната настинка, а се верува дека нивното погрешно толкување само доведе до ширење на варијантата делта во Велика Британија.
Симптоми кај невакцинирани:
- главоболка
- болки во грлото
- течење на носот
- температура
- упорна кашлица
Губењето на мирисот се симна на деветтото место, а отежнато дишење е далеку под 30. Овие промени може да укажуваат на тоа дека претходно познатите симптоми се менуваат како што вирусот мутира, се вели во студијата.
Важно е да се напомене дека оние кои биле вакцинирани пријавиле помалку симптоми кои траеле пократко, што сугерира дека имале поблаги форми на болеста и побрзо закрепнале.
„Не е само настинка“
Германскиот вирусолог Кристијан Друстен се повика на резултатите од студијата и изјавите на Тим Спектор, епидемиолог и водач на студијата ЗОЕ, за „Дојче веле“. Тој верува дека една важна точка не се споменува во дискусијата за симптомите во медиумите.
– Општата слика за симптомите се промени бидејќи сега сите постари луѓе се вакцинирани и студијата покажува дека помладите луѓе се заразени. Кај нив, симптомите најчесто одат во насока на општа инфекција слична на грипот, со главоболка, болки во грлото и малку покачена температура. Постојаната кашлица, која беше толку типична за постарите пациенти, сега е помалку регистрирана – рече Дростен.
Ако се сомневате дека сте заразени, секогаш е правилна одлука да се тестирате и да држите дистанца, се согласуваат Тим Спектор и Кристијан Друстен.
– Мислам дека значењето на јавното обраќање е да се предупреди населението, особено помладата популација што сега е заразена да внимава, дури и ако не се чувствувате многу болно. Ве молиме, не кажувајте: „О, само настинка е“, заклучува Дростен.