Младиот научник Горан Кунгуловски кој е прв човек на „Биоинженериг“ и на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во „Жан Митрев клиника“ се огласи на својот профил на Фејсбук околу брзите тестови:
“Ако државата има спремност да собира 10 000 брисеви дневно, high-throughput роботизирана PCR лабораторија со капацитет од 5000-10 000 брисеви дневно или 150 000-300 000 брисеви месечно, може да се стави во функција за еден месец, најдоцна месец и пол.
Знам точно како се прави ова, сум го направил за Западно-Европска влада и тоа за многу повисок дневен капацитет и познавам луѓе што ќе помогнат во брза реализација.
Таква лабораторија кошта околу 500 000 ЕВРА.
Треба само зелено светло“ напиша д.р. Кунгуловски.