На 84- годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго.

Роден 1936 година во с. Трновац, Кратово. Завршил Рударско-геолошки факултет. Генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат “СИЛЕКС” Кратово, 40 години. Член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).

Иванов беше 30 години пратеник во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на Република Македонија и координатор на пратеничката група на СПМ во Собранието на Република Македонија.

Овој македонски политичар ипретседател наСоцијалистичката партија на Македонија беше пратеник во Собранието на Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија.

За претседател на СПМ бил избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.

Тој беше и поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пишува на официјалниот профил на Фудбалската репрезентација на Македонија.