Камерите го забележале моментот кога паднал балконот на куќа на плажа, во Малибу, додека на него имало најмалку 10 лица кои присуствувале на роденденска забава.
9 лица се повредени, а две се во критична состојба.
-Група луѓе беа на балконот и слушнавме како пука нешто и ги видовме моите најдобри пријатели и девојка како паѓаат од височина од 4,5 метри на карпите. Јас дури и не знам како се случи тоа, рече еден од очевидците, известува “New York Post“.
Сопственичката на куќата која ја изнајмува за туристи за забави вели дека таа е оштетена бидејќи внатре имало 30-тина лица, иако било дозволено да има само шест. Изјавила дека нејзијата куќа е „вандализирана“ и останала без балкон.
Пожарникарите соопштија дека за време на падот имало 15 лица на балконот.