Профил креиран од италијански новинар Томазо Дебенедети наречен „сериски измамник“, кој досега објавил повеќе лажни вести меѓу кои и интервјуа со познати светски личности, предвреме го умре поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, објави„Бизнис инсајдер“ .
Лажниот твитер-профил на босанската министерка за надворешни работи Бисера Турковиќ каде што се појави информација дека починал Ратко Младиќ е креиран токму од Дебенедети.
На Твитер веднаш стигна демант од Хашкиот трибунал.
„Информациите за смртта на Ратко Младиќ не се точни и ги демантираме“, изјави за телевизијата Н1 портпаролката на судот во Хаг, Хелена Еглстон, одбивајќи да ја коментира здравствената состојба на затвореникот.
Информацијата ја демантираше и неговиот син Дарко Младиќ, кој истакна дека тој веројатно прв би разбрал доколку неговиот татко починал.
Инаку, претходно Томазо Дебенедети има измислени интервјуа со истакнати личности, меѓу кои Џон Гришам, Дезмонд Туту, Михаил Горбачов, кардиналот Рацингер и Далај-Лама.ама.