СТАМПЕДО ВО РУСИЈА: Масовно бегство од земјата по најавата за мобилизација (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Русите почнаа масовно да ја напуштаат земјата откако Владимир Путин вчера најави мобилизација. Авио-билетите за дестинации за кои не е потребна виза се распродадени, а останатите, пишуваат медиумите, се достапни дури за петок, по цена од илјада евра па нагоре.

Илјадници руски граѓани бегаат од земјата поради најавената мобилизација. Бескрајна колона била формирана на руско-грузискиот граничен премин Верхњиј Ларс.

Границите на Грузија се уште се отворени, но, како што пренесуваат медиумите, на некои воено способни мажи им е забранет влезот во земјата.

Во исто време, бројот на Руси кои се обидуваат да влезат во Финска расте од час во час. Тоа е единствената граница која сè уште е отворена за руските цивили со шенген визи, кои се обидуваат да ја напуштат земјата.

Инаку, балтичките членки на Европската унија, Летонија, Литванија и Естонија, кои граничат со Русија, веќе најавија дека нема да понудат засолниште на ниту еден Русин кој бега од мобилизација во Русија.

За масовните егзодус на Русите пишува и „FlightRadar“, позната веб-страница која се занимава со следење летови. Тие објавија кратко видео на кое се гледа воздушниот сообраќај од Москва и Санкт Петербург направен вчера изутрина. Од видеото се гледа дека сообраќајот е зголемен, а најголем дел од летовите завршиле во Турција.

останати вести