СЕ РАДУВАШЕ И ТЕЈЛОР СВИФТ: Славната пејачка и Тревис Келси разменуваа нежности по пласманот на Супербоул (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Тревис Келси и „Kansas City Chiefs“ стигнаа до Супербоул, а по последната победа на теренот се спушти неговата девојка Тејлор Свифт, каде славната двојка се бакнуваше и прегрнуваше, пишува Дејли Меил.

На Келси му претстои голем натпревар кој доаѓа на почетокот на февруари, додека пак и Свифт има напорен месец пред себе, бидејќи нејзината турнеја Ерас се одржува во Токио од 7 до 10 февруари. Сепак, се претпоставува дека пејачката ќе биде присутна на 11 февруари на Супербоул натпреварот. Kanzas Siti Čifs

Со оглед на тоа што Тејлор веќе некое време доаѓа да го поддржува Келси на натпреварите, камерите го следат секое нејзино движење во близина на теренот.

Моделите Кара Делавињ, Џејсон Келси, постариот брат на Тревис и родителите на спортистот Дона и Ед привлекоа внимание во ВИП секторот. Најпознатата американска двојка разменуваше нежности пред сите, што ги воодушеви обожавателите ширум светот.

останати вести