СЕ ОМАЖИ ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА: ТВ-презентерката му кажа „да“ на бизнисменот Михаил (ФОТО)

by Тони Зографски

ТВ-презентерката Татјана Стојановска во саботата се омажи за својот долгогодишен партнер, бизнис-консултантот Михаил Китановски.

На венчавката која се одржа во хотелот „Александар Палас“ присуствуваа најблиските, роднините и пријателите на двојката.

Татјана носела прекрасна венчаница, додека едноставната, но ефектна фризура, ја дополнила со елегантна дијадема со бисери.

Татјана и Михаил 10 години како беа свршени и живееа заедно. Инаку, Михаил уште пред 10 години ја запросил убавата презентерка.

Таа претходно беше во брак со пејачот Благоја Грујовски, со кого го има синот Матеј.

останати вести