Алек Болдвин бил виден во јавноста за првпат по веста дека ќе биде обвинет за убиство од небрежност на снимањето на филмот „Rust“.
На сетот во октомври 2021 година настрада снимателката Халина Хачинс.
Алек се обидел да се скрие од фотографите и лицето го прекривал со листови хартија. Како што е веќе познато, 0обвинителите во Њу Мексико претходно објавија дека Болдвин ќе биде обвинет затоа што ракувал со пиштол. Тој случајно го повреди и режисерот Џоел Соуза.
Неговиот адвокат го нарече подигнувањето на обвиненија „катастрофално кршење на правдата“. Хана Гутиерез-Рид, која била одговорна за ракување со оружјето на снимањето, е исто така обвинета за убиство од небрежност.
Најавено е дека снимањето на „Rust“ ќе продолжи, а Метју Хачинс, вдовецот на Халина, ќе биде извршен продуцент и ќе добие дел од заработката.
„Немам никаков интерес да се впуштам во обвинувања или припишување вина (на продуцентите или господин Болдвин). Сите ние веруваме дека смртта на Халина беше ужасна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и филмската заедница се собраа за да ѝ оддадат почит на Халина и нејзината последна работа“, изјави Метју претходно.