Скандалот на Јелена Карлеуша се префрли и во образовните институции. Српската пејачка на својот Инстаграм профил ја сподели дипломската работа на еден студент на Факултетот за политички науки во Загреб, на која главна тема е нејзиниот скандал.
Насловот на завршниот есејот е: “ ‘Celebrity’ дипломација на просторите на бивша Југославија: случај Јелена Карлеуша“. Јелена е воодушевена што нејзината ситуација му послужила на некого, и ја подели информацијата на Инстаграм.
Инаку, ова не е прв пат нејзиното име да се провлекува низ образовните институци. Пред седум години, во тестот за општа култура се нашол хитот на јелена, и прашањето било кој библиски град се спомнува во насловот на песната.