Американската актерка Оливија Вајлд (39) привлече внимание со својот изглед кога се појави на ревијата на Ив Сен Лоран на модната недела во Париз.
Имено, познатата актерка на ревијата облекла здолниште и проѕирно црно боди под кое нема градник, а целата модна комбинација ја искомбинирала со кожени ракавици. Покрај Вајлд, проѕирни комбинации носеа и некои други познати гости, како Џорџија Меј Џегер, Елса Хоск, Зои Кравиц, Лила Мос и Јасмин Тукс, иако нешто поконзервативно од нејзината, објави Гламур.
Да потсетиме дека Вајлд беше во врска со актерот Џејсон Судеикис, со кого има две деца, синот Отис и ќерката Дејзи. Двојката се разведе по девет години врска во 2020 година, по што актерката започна романса со пејачот Хари Стајлс.
Тие беа во врска од јануари 2021 година до ноември 2022 година, а за тоа време заедно го снимија филмот Don’t Worry Darling, во кој Вајлд освен што играше една од главните улоги, и го режираше. Извор изјавил за Page Six дека нивното раскинување било пријателско, а според други тврдења, актерката и пејачот останале во добри односи.
“Нема лоша крв меѓу нив. Хари не ја остави Оливија или обратно. Ова е најдолгата врска која Хари некогаш ја имал, па јасно е дека тие имаат посебна врска”, рекол тогаш изворот.