Серена Вилијамс важи за една од најголемите и најуспешни тенисерки на сите времиња, но уште од времето кога беше активна на ВТА Турот, Американката важеше за жена која добро знае да ги сокрие случувањата во приватниот живот.
Таквиот тренд продолжува и во пензионерските денови, па така Серена сега самата и откри на јавноста дека минала низ непријатен и тежок период, откако на нејзиниот врат и се активирала циста која за среќа била бенигна.
По низа испитувања, помалата од сестрите Вилијамс дознала дека станува збор за „добра циста“, но големината на истата ги изненадила дури и лекарите.
– Си открив голема грутка на мојот врат и таа само почна да се зголемува. Останав шокирана и морав да правам низа тестови. За среќа, се беше негативно и на крајот морав да ја извадам цистата која беше со големина на цитрон.
– Операцијата беше успешна, многу сум среќна што имав работа со врвни лекари. Се уште се опоравувам, но се чувствувам се подобро. Здравјето е на прво место, – гласи обраќањето на Серена за непријатната операција.
.@serenawilliams reveals she had a "grapefruit"-sized cyst removed from her neck.
Read more here: https://t.co/BqNCQludUS pic.twitter.com/ZVQDH6YkKw
— Good Morning America (@GMA) October 16, 2024