ГО ПОТРЕСЕ ФИЛМСКИОТ СВЕТ: Бред Пит оди во пензија (ФОТО)

by Тони Зографски

Популарниот глумец Бред Пит сака да се повлече од актерството бидејќи како што вели тој, “Холивуд е игра за млади”. Оскаровецот веќе некое време не е во центар на филмските остварувања бидејќи одлучил дека треба сè помалку и помалку да глуми.

Но, Пит не планира во целост да го напушти Холивуд бидејќи сака да ѝ се посвети на продукцијата.

“Навистина уживам кога ќе се најдам зад камерите, од продуцентската страна”, изјавил Бред за “GQ”.

“Сè помалку глумам. Навистина сметам дека тоа е игра за млади, не е дека нема место за постарите ликови, само мислам дека тоа е природниот тек на нештата”, додал актерот.

Инаку, последниве години Бред Пит прифаќа се помалку улоги, а освен тоа има и свои бизниси од кои добива големи приходи, што може да му дозволи да се откаже од филмската индустрија.

Тој со децении е прогласуван за најпосакуван актер во светот.

 

останати вести