“СЕКСОТ ТРАЕШЕ ПЕТ МИНУТИ“: Се огласи жената со која принцот Хари ја изгубил невиноста (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во своите мемоари насловени Spare принцот Хари го опишува своето прво сексуално искуство и откри дека тоа се случило со повозрасна жена и дека целото искуство траело мошне кратко.

Саша Волпол (40) е  жената со која тој во 2001 година ја изгубил невиноста. Таа го познавала Хари уште од детството, додека се грижела за коњите на имотот на кралот Чарлс во Глостершир.

Британските медиуми ја пренесуваат приказната на жената што 21 година ја криела нивната тајна. Саша е само 2 години повозрасна од принцот Хари (38), а тие двајца се запознале додека таа се грижела за коњите на имотот на сегашниот британски крал, Чарлс.

She reveals 'No one warned me about the night being included in the book' - Sasha and Harry at a polo club event in 2001

Како што вели, таа и принцот Хари имале секс вечерта на прославата по повод нејзиниот 19-ти роденден во полјаната во близина на пабот каде било собрано друштвото.

Наводно сè започнало кога принцот ја викнал надвор на цигара, а таа вели дека воопшто не знаела дека тој всушност е невин и дека немал претходно сексуално искуство.

„Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Знаевме што ќе се случи. Нештата кулминираа многу брзо. Тоа беше инстант искуство, а летаа искри затоа што знаевме дека не треба да го правиме тоа. Тој за мене не беше принцот Хари, тој беше Хари, мојот пријател и целата ситуација излезе од контрола.

Sasha Walpole, now 40, reveals she is the older woman who took Prince Harry’s virginity in a field behind a busy pub

Не планиравме тоа да се случи, немав никакви лоши намери и не знаев дека тој е невин. Сè се случи набрзина и беше многу возбудливо. И двајцата бевме под дејство на алкохол, немаше да се случи ако бевме при чиста свест“ – раскажува Саша.

Таа вели дека настанот во голема мера е точно опишан во книгата на Хари. Целото искуство траело околу 5 минути, по што таа го плеснала по задникот и се разделиле.

Саша вели дека тие двајца се обиделе да се однесуваат како ништо да не се случило и дека никој не знаел за нивната средба, сè додека принцот не одлучил да ги раскаже настаните во неговата книга.

The mum of two added 'Afterwards I did grab his bum and gave him a slap'

Таа денес е мајка на 2 деца која работи како управувач на градежни машини.

останати вести