Северина ужива на егзотичниот Тајланд: Позира во црно бикини во базен (ФОТО)

by Тони Зографски

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (51) ја замени зимата за сонце и отпатува на егзотично место каде се одмара последните неколку дена.

Пејачката моментално е на Тајланд, а на социјалните мрежи покажа како го поминува времето.

Фото: Instagram / severina

На фотографиите што ги објави на нејзиниот инстаграм-профил, Северина позира во црно бикини, разладувајќи се во базенот.

Фото: Instagram / severina
„Зима, зима – добро, ако е зима, не е лав“, напишала накратко под фотографиите.

Инаку, пејачката пред неколку дена откри кој ѝ прави друштво на ова егзотично патување. Таа е во друштво на познатиот експерт за односи со јавноста – Давор Гргин и долгогодишната пријателка Ива Радиќ.

Фото: Instagram / severina

останати вести