Северина со деколте до папок (ФОТО)

by Тони Зографски

Хрватската пејачка Северина неодамна беше на одмор во Франција, од каде сподели неколку фотографии кои сведочат за нејзиното заслужено опуштање и одмор.

Имено, пејачката престојуваше во францускиот приморски град Бијариц, а на својот профил на Инстаграм покрај убавините на оваа атрактивна туристичка дестинација, објави и неколку незаборавни модни комбинации.

Фото: Instagram / severina

Најголем впечаток пејачката остави со романтичното издание во фустанот на британската дизајнерка Викторија Бекам. Северина на фотографиите позира во провокативен бел фустан, со смело деколте до папокот.

Фото: Instagram / severina

Таа кај својата публика предизвика многу позитивни реакции за изборот на фустан.

„Најубава си“; „Колку добро ти стои овој фустан“; „Слатко“; „Секогаш си толку елегантна“; „Убавица“, се дел од коментарите под објавата.

останати вести