Група туристи падналe во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела затоа што не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.
Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.
Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возеле во гондола и правеле селфи кога се случил инцидентот.
Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела.