Свадбата на годината во Хрватска се одржа во петокот во Дубровник, каде хокеарот Лиам Стјуарт, син на легендарниот музичар Род Стјуарт и Никол Артуковиќ, Американка со корени од Херцеговина и Конавле го изговорија судбоносното „да“. За лудата забава со денови се пишуваше во хрватските медиуми, а специјален гостин беше Петар Грашо кој ја расплака невестата.
Род Стјуарт вчера објави семејна фотографија пред црквата Св. Игнатија, каде што се одржа свадбата.
Но по ова Род одлучил да се пошегува. Фотографијата која ја објави на својата инстаграм-приказна, а на која стои во барот на хотелот во Дубровник каде се одржа приемот на гостите во црвени боксери, го привлече вниманието на сите. До него седи неговиот најмлад син Ејден Патрик, а покрај фотографијата пишува: „Како да го посрамотите својот најмлад син во барот во хотелот по долгиот активен викенд“.