Во разорниот земјотрес што ја погоди Турција, загина актерката Емел Атичи, која го толкуваше ликот на Сермин во серијата „Горка земја“ (Бир замелан Чукурова), потврди продукциската куќа „Тимс&Б“.
Актерката загина во Адана, а во земјотресот загина и нејзината ќерка Ханде Пурјан Атичи.
„Изразуваме сочувство до семејствата и блиските на Емел Атичи, позната актерка од нашата ТВ-серија ‘Си беше еднаш одамна’, до нејзината сакана ќерка која загина во земјотресот, но и до сите граѓани кои загубија блиски во катастрофата“, напишаа од продукцијата.
Бројни колеги преку социјалните мрежи се збогуваат со Емел.