Популарната пејачка и актерка Шер има 76. години и секако може да се пофали со својата фигура и според многумина со младешкиот изглед. Имено, таа открила дека тоа се должи на секојдневното вежбање, но и на вегетаријанската исхрана.
– Не сакам месо и повеќето работи што сакам да ги јадам се здрави – рекла таа и додала дека ретко пие алкохол и пуши.
– Работите што не ги сакам се нездрави, како дрогата и алкохолот. Извесно време пушев цигари и се дрогирав, а алкохолни пијалоци пијам три-четири пати годишно – истакнала таа.
Таа открила и дека основата на нејзината исхрана моментално е здравата храна, главно кафеав ориз, зеленчук, тестенини и овошје.
– Тестенините ми даваат многу енергија, но и овошјето како бананите, папаите или нектарините бидејќи имаат многу природен шеќер во себе. Млечните производи не се добри за нас. Мислам дека сирењето е една од најлошите намирници за вашето тело – рекла таа.
Покрај редовното вежбање и здравата исхрана, пејачката последните години се занимава и со сурфање.