Еднаш , во една стара песна тој пееше „Рамбо ти си цар“, и навистина и по толку години остана цар. Рамбо Амадеус, синоќа беше гостин во Скопје на настанот наречен „Вече гломазне поезије“, во киното Фросина во МКЦ.
Глумејќи дека рецитира сериозна поезија, музираот од Црна Гора се појави со импровизирани листови од кои „читаше“, а всушност се знаеше на памет. Поезијата можеби не беше сериозна, но муабетите беа на место.
„ Сега, овие од рекламиве нудат 48 часа заштита, 72 часа заштита, 96 часа заштита. Јади гомна“, рече Рамбо.
„Кога со татко ми на телевизија гледавме некоја емисија каде што збпруваат дека треба да се легализираат бракови помеѓу ист пол, тој ме праша: А, може ли да се доозволи брак со животни? Јас би земал една коза на пример и само би се гледале“, раскажа меѓу другото Рамбо во својата поезија која до солзи ги насмеа присутните.
Тој во Скопје беше гостин на фестивалот “Таксират“.