Неодамна внуката на починатиот српски глумец Бата Живоиновиќ, Дина објави фотографија од дедо ѝ и Борис Дворник и во описот на фотката нагласила колку бил тежок патот до успехот на нејзиниот дедо.
-Ми раскажуваше Мика Антиќ како на една улица во Нови Сад видел двајца крупни момчиња како плачат како деца. Ги прашав што е?, велат паднале на приемен на Академија. Им рекле дека немаат ни трошка талент. Тој ги утешил и охрабрил дека следниот пат ќе бидат примени, дека ќе стана звезди и побарал да му кажат како се викаат, за подоцна да се видат. Јас сум Живоиновиќ Велимир, вели едниот, а другиот Борис Дворник, напиша Дина.
-Дедо ми е и понатаму единствениот човек на кој му ги кажувам сите тајни бидејќи само тој ме разбира – рекла Дина пред четири години, една година пред да почине Бата.
Инаку, талентот за глумење на Бата Живоиновиќ бил откриен на 15 години кога работел како сценски работник и статист во Театарската академија во Белград.