24- годишната Екатерина К е убиена откако некој и го пресекол вратот во Москва. Нејзините родители се загрижиле откако Екатерина не им враќала на пораките и на телефонските повици, па ги замолиле соседите да влезат во нејзиниот стан и да видат дали е се во ред. Кога влегле, во станот го пронашле голото тело во куфер.
Полицијата го испитува нејзиниот љубовен живот. Познато е дека таа ја прекинала врската со 32 годишниот љубовник и започнала врска со постар маж. Екатерина и 52 годишниот маж сакале да одат во Холандија.
Нејзиниот последен пост е за патувањето на Крф, 22 јули. Нејзиното тело е пронајдено пет дена подоцна. Полицијата истражува дали љубомората е поврзана со злосторството. Досега никој не е уапсен.
Инаку, Екатерина се натпреварувала како блогерка за убавина. Нејзиниот Инстаграм налог на име Катти, има 80.000 следбеници. Работела во градската болница.
https://www.instagram.com/p/BxM0ZL8hbEu/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B0Nky38CpNL/?utm_source=ig_web_button_share_sheet