Владимир Путин вчера на стадионот „Лужники“ во Москва им се обратил на илјадници руски граѓани на прославата на осум години од анексијата на Крим. Многу корисници на социјалните мрежи го привлекло вниманието на јакната што ја носел рускиот претседател за таа пригода.
Станува збор за италијански бренд Loro Piana, а јакната чини 1.445.000 рубљи (околу 12.000 евра). Британски Дејли Мејл наведува дека „просечниот Русин треба да работи 25. месеци за да заработи за јакната на Путин“.
Инаку, стадионот на кој Путин го одржа својот говор беше преплавен со руски знамиња а на собирот пристигна и буквата Z. На собирот настапила и руската пејачка Полина Гагарина. Снимката од нејзиниот настап набрзо се проширила на социјалните мрежи, а многумина и напишале дека „треба да се срами затоа што ја поддржува војната“.