Тоалетната хартија со ликот на рускиот претседател Владимир Путин и натписот „Путин, е** се“ е еден од најпопуларните сувенири што во моментов може да се купат во Варшава.
Заедно со слики и магнети на најпознатиот Полјак, Св. Иван Павле Втори, украинскиот претседател Владимир Зеленски, чија слика може да се најде и на магнети и чаши, моментално има статус на светец во Полска.
Полската поддршка за Украина е непоколеблива. Полската влада се смета себеси за главен заштитник на Украина во Европа, поддржувајќи опсежни санкции против Русија.
Полска го прифати најголемиот број украински бегалци во цела Европа (повеќе од три милиони), според УНХЦР. Досега Полјаците собраа околу пет милиони долари за помош на украинскиот народ и армијата.