“СЕСТРИ“: Нора и Фатиме со трилече се “облажија“ во кафана (ФОТО)

by Тони Зографски

Обвинителката Фатиме Фетаи и в.д. директорката на „Театар Комедија“, Нора Шаќири вчера го искористија сончевото време за заеднички ручек во една позната скопска кафеана. Двете дами уживаа во вино, цигари, трилече и женски муабети.

Сликата од кафеаната ја објави Нора на нејзиниот Фејсбук профил, со порака дека тие две се и сестри и сродни душа.

“Сестри. Мојата душа“ напиша Нора.

Инаку, Нора Шаќири често изјавува дека со Фатиме Фетаи се како сестри и често уживаат во заедничките  излегувања. А кога Нора пред една година го роди синот Ијан, Фатиме прва ја објави веста за раѓањето на бебето и се пофали дека станала тетка.

останати вести