Проѕирни панталони и црн градник: Ирина Шајк ги привлече сите погледи (ФОТО)

by Тони Зографски

Манекенката Ирина Шајк повторно беше во центарот на вниманието, овојпат со модната комбинација што ја избра за забавата по ревијата на „Викторија сикрет“ во Лос Анџелес.

Четириесетгодишната руска манекенка се појави во проѕирни бордо панталони со исклучително низок струк, комбинирани со црн градник. Стајлингот го надополни со бордо салонки, ѓердан со крст и мала чанта со леопардски дезен, додека косата ја носеше пуштена и исправена.

Панталоните се дел од колекцијата пролет 2027 на лондонскиот бренд „Mowalola“, зад кој стои нигериско-британската дизајнерка Мовалола Огунлеси, позната по своите смели и неконвенционални модни креации.

Шајк не беше единствената ѕвезда која носеше парчиња од оваа колекција. На истата забава, Бјанка Ценсори се појави во мрежесто боди од истиот бренд, придружувана од својот сопруг Канје Вест.

Нови гласини за љубовниот живот

Во последните месеци, американските медиуми ја поврзуваат Ирина Шајк со НБА-кошаркарот Девин Букер. Според пишувањата на странските магазини, двајцата наводно се гледаат извесен период, но ниту Шајк ниту Букер досега јавно не ги коментирале овие информации.

Ревијата на „Викторија сикрет“ годинава го означи и враќањето на спектаклот во Лос Анџелес по пауза од 19 години, а меѓу моделите што прошетаа на пистата беа и сестрите Бела и Џиџи Хадид.

останати вести