Внуката на убиениот американски сенатор Роберт Ф. Кенеди, Мејв Кенеди Таундсенд МекКин (40) и нејзиниот 8-годишен син Гидеон пронајдени се удавени во езеро во близината на Вашингтон, откако во петокот било пријавено дека исчезнале, – пишува Мирор.
Како што истакнале во полицијата, тие се возеле со кану, и во обидот да ја дофатат топка која им паднал во водата, силниот ветар ги превртел.
Со оваа несреќа како да продолжува проклетството на кланот Кенеди, една од најугледните политички семејства во САД.
Имено, претседателот на САД Џон Кенеди беше убиен во 1963 година во Далас, па во 1968 година истата судбина го снајде и неговит брат Роберт на кого му се даваа големи шанси да биде претседател. Неговиот син Давид се предозира со кокаин во 1984 година, а во 1999 годин синот на Џон Кенеди со неговата сопруга загинаа во авионска насреќа во која тој пилотираше. Минатата година настрада и 22-годишната внука на Роберт Кенеди, Саоирсе Кенеди Хил која се предозира на семејниот посед во Масачусетс.