Никола Шалевски д-р. вет. мед.
Ветеринарна Амбуланта Прима Вет Медика – Скопје
Кога температурите се намалуваат, на милениците им е потребна посебна грижа за да останат здрави, безбедни и топли. Без разлика дали вашиот миленик поминува многу време на отворено или излегува на неколку брзи прошетки за обавување на физиолошките потреби, неопходна му е вашата помош за да не се наруши нивната здравствена состојба од студеното време. Ќе обрнеме повеќе винмане на кучињата, бидејку мачките во зимските периоди главно и не го напуштаат домот. Во прилог следуваат неколку основни совети кои треба да ги имате на ум оваа зима.
1. Внимавајте на прошетките:
Снегот и мразот може да ги оштетат шепите на вашето куче. Ако кучето ненадејно почне да квичи за време на прошетка, проверете дали има мраз меѓу прстите, расекотини или рани. Нанесување на малку вазелин и ги смири отечените, зацрвенети и замрзнати шепички. Доколку се јават посериозни разранувања да се однесе на ветеринар за соодветен третман. Можете набавите специални обувки за заштита на шепите на кучињата од студ и мраз, но пред прошетката мора да бидете сигурни дека им се точни и дека кучето е навикнато да ги носи, за да не му попречуваат да ужива во своето време на отворено.
2. Облекување на миленикот:
Теморегулацијата на милениците е тесно поврзана со расата на миленикот, односно од големината на кучето и долшижината на крзното. Расите како што се Самоједот, Хаските, Маламутите, Овчарите па дури и некои типови Ретривери кои потекнуваат од северните предели доста добро го поднесуваат ладното време. Најчесто тие имаат густо крзно и кое ги штити од наворешните елементи и поради големиот раст имаат подобра терморегулација, односно генерираат повеќе топлина и помалку ја губат. За разика од нив, расите со кратко крзно, и помал раст студеното време потешко го поднесуваат. Затоа советуваме прошетките да бидат по кратки, во периодите кога има повеќе сонце во пладневните часови, и да се користат скафадер облеки, спецјално кроени за големината и расата на кучето од водоотпорен матерјал ( да не се плетени или памучни) за да не примаат влага, поради што имаат спротивен ефект.
3. Чување во надворешни услови:
Како што наведовме погоре, во зимските периоди во надворешни услови може да се чуваат исклучиво само раси кои потекнуваат од реони со студена клима. Често на овие раси и не ни им годат теператури над 20 степени целзиусови. На миленикот треба да му се обезбеди куќарка со добра термо и хидро изолација, која има само еден влез свртен кон Југ и мораме да се осигураме
дека куќарата нема провев. Секако доколку температурите надвор, посебно во вечерните часови паднат далеку под нулата, милениците мора да се внесат во затворена просторија, каде темтературата ќе биде барем неколку степени над нула.
4. Бањање на милениците во зима:
За прашањето колку често се бањаат милениците ќе се обратиме во некоја наредна прилика. Мора да напоменеме дека бањање на кучињата во зимските периоди е дозволено, но мора многу да внимаваме. Крзното на милениците е доста хигроскопно (способно да упива течности). После бањањето обавезно миленикот темелно да се исуши со крпа и фен. Но сепак крзното задржува влага и поради никите температури, потребни се дури 24-48 часа таа целосно да испари. Затоа во овој период да се избегнува подолго изложување на ниски температури. Честото бањање во зимските периоди не се препорачува, бидејки со бањањето се одстранува голем дел од кожната лој што ја лачат лојните жлезди. Оваа лој го прекрива влакното и го прави крнто отпорно на вода и надорешни елемети, па ако се одстрани се нарушува терморегулацијата на миленикот.
5. Заштита од надворешни паразити:
Кај сопствениците на миленици е доста често мислењето дека заштитата од надворешни паразити е само сезонска и трба да се практикува само во потоплите периоди. Но всуштност таа треба да се практиува 12 месеци во годината. Болвите и шугавците се пренесуваат директно безразлика на сезоната, додека крлежите иако се активни само во толите периоди, може да се активираат и во зимските периоди при благо покачување на температурата над 10 степени целзиусови. За превентива против надворените паразити постои широка палета на препарати како што се спот он ампули, таблети за џвакање кои делуваат парентерално, каишки и ред други производи. За да одберете соодветен препарат за вашиот миленик и за сите други прашања поврзани со чувањето на милениците во зимски услови може да се обратите кај нас во Ветеринарната Амбуланта Прима Вет Медика- Скопје или кај вашиот ветеринарен доктор.