Основачката на апликацијата за запознавање Bumble, Витни Волф Херд е навикната да ги прекршува правилата.
Кога во 2014 година лансираше апликација фокусирана на жените, каде што оние кои бараат партнер треба да го направат првиот чекор, многумина беа скептични дека тоа ќе успее. Но, визијата на Волф Херд – дека апликацијата всушност ќе ги поттикне жените да прават свој избор – се оствари. Bumble стана бренд и доживеа раст што е многу повеќе од обична апликација за запознавање.
Нејзиниот успех со Bumble и ја донесе и етикетата „Убиј го Бил на технолошкиот свет“ – огорчена жена облечена во жолто која бара одмазда откако мажите се обидуваат да ја уништат. Голем дел од овие извештаи се фокусираа на нејзиното искуство пред години кога таа го коосноваше Тиндер. Во тоа време, Витни наводно била малтретирана од директор кој случајно бил и нејзин дечко. Поради сета агонија низ која поминала, таа на крајот се откажала од Тиндер и ги тужела за сексуално вознемирување. Според неа, директорите на Тиндер ја навредувале и ја нарекле „лажга и курва“ кога таа и Џастин раскинале во 2013 година.
Еден поранешен вработен во Тиндер сведочел дека во тоа време на Витни и било кажано да „замолчи“ во компанијата и дека била принудена да им носипојадок. Друг извор реколдека некој ја плукнал Витни на забавата на Тиндер. Малтретирањето само се намножило и во еден момент на Витни и било доста од се. Таа дала отказ од работата во 2014 година и решила да се впушти во сопствена стартап авантура. Така настанал Bumble.
Зборувајќи за нејзината мотивација за создавање апликација за запознавање која првенствено е наменета за жените, Витни рекла:
„Искрено, мојата амбиција потекнува од навредливите врски“. Таа не трпела малтретирање само од нејзините поранешни колеги од Тиндер туку имала и дисфункционални врски во текот на средното училиште и на факултетот, во кои ималоо и ансилство.
Таа сфатила дека таквата токсична динамика е вообичаена во секоја социјална средина, без разлика на географија, култура или функција.
„Никогаш немав толку здрави односи со мажи додека не го создадов ова. Создадов екосистем на здрави односи со мажите во мојот живот“, рекла таа.
Нејзината бизнис идеја донела огромен успех по сите показатели. До моментот кога Bumble излезе на берза во февруари 2021 година, тој овозможил „8,6 милијарди конекции меѓу десетици милиони корисници во 237 земји од 2014 година“, а денес се проценува на речиси три милијарди долари. Витни станала милијардерка на 31 година.
Како извршен директор и една од најбогатите жени на планетата, Витни Волф Херд има голема одговорност. Во исто време, таа е горда на подемите и падовите што ги има откако го тужела нејзиниот поранешен работодавец пред години.
„Со месеци ми беше тешко да не се чувствувам како да ги имам сите овие грди чувства втиснати на моето чело. Паднав во длабока депресија. Имав несоница и пиев премногу во слаб обид да ги отапам болката и стравот што ги доживував“, напишала таа во колумна за Harper’s Bazaar.
Со текот на времето успеала да ја најде светлината на крајот од тунелот. Тогаш решила дека треба да ги „промени работите“ и да изгради подобра иднина за жените.
„Таа желба да направам разлика ми помогна да застанам на нозе“, рекла таа.
Витни можела лесно да ја напушти индустријата по заминувањето од Тиндер, особено со наплатата од 1 милион долари што ја добила. Сепак, знаела дека тоа не е доволно, морала да направи нешто ново и да инвестира за да направи разлика во животот на другите жени.
Во меѓувреме, Волф-Херд се омажи за нафтен магнат од Тексас кој го наследи бизнисот од неговиот татко, а откако го родила нивното прво дете во 2019 година, таа го направила Bumble светол пример за родителски права, давајќи им на новите мајки во компанијата дарежливи бонуси, платено отсуство како и флексибилно работно време.
„Bumble е резултат на исклучително посветен тим кој работеше многу напорно за да покаже дека жените можат, треба и ќе го направат првиот чекор. Кога врските се подобри за жените, тие се подобри за сите“, напишала таа на Инстаграм.