Браќа од Македонија донирале илјадници ручеци за католичкиот Велигден во Италија (ВИДЕО)

by Тони Зографски

 

Браќата Ѓуран  и Мирсад Селмани од Македонија, сопственици на ресторан во Италија донирале над илјада бесплатни ручеци по повод католичкиот Велигден, објавија тамошните медиуми. Тие сакаа на овој начин да ѝ се оддолжат на заедницата на земјата што пред неколку години со голема љубов го пречекаа него и неговото семејство.

Двајцата се сопственици на ресторан пицеријата „Ал Соле“ во гратчето Калдонацо во регионот Тренто во северна Италија. Одлична иницијатива ги привлече жителите на соседните гратчиња Левико, Пергин и други места.

Ѓуран и Мирсад во понеделникот решија да им понудат Велигденски ручек на над илјада луѓе: социјално загрозени лица, лица во карантин, стари лица, оператори на Центарот за лица со инвалидитет, како и на пожарникарите волонтери.

Својата благодарност кон двајцата угостители, лицата на кои им беше пружена помошта ја искажаа преку видео и песна.

извор: 24инфо.мк

останати вести