Георгина Родригез долги години е во среќна врска со Кристијано Роналдо.
Скоро сите ја знаат нејзината приказна како„Пепелашка“ за средбата во бутикот каде што работела. Од таа 2017 година, таа се најде во центарот на вниманието на јавноста, а со својата убавина почна да гради сопствена кариера во забавната индустрија.
Но, малку се знае за нејзиниот живот пред 2017 година. Неодамна шпанскиот фотограф Хавиер Ернандез Пинеиро зборуваше за своите романси, а многумина беа шокирани од откритието дека токму Георгина била неговата прва љубов. Како и тој за неа.
Популарниот Чави се појави во едно шпанско ток-шоу, каде ги откри деталите од врската со Георгина. Двајцата биле во врска во тинејџерските години.
Кој е првото момче на Георгина? Хавиер има 28 години и е роден во шпанскиот град Толедо. Сепак, поголемиот дел од својата младост го поминал во гратчето Хака на северот на Шпанија. Во Хака се сретнал со Георгина.
На 18-годишна возраст почнал да студира ветеринарна медицина на Универзитетот во Сарагоса. Меѓутоа, по завршувањето на студиите, решил да се занимава со фотографија. Тој патува низ светот и слика природа и авантуристички спортови. Живее од продажба на фотографии, а се занимава и со хуманитарна работа, бидејќи создаде изложба, чии приходи одеа за загрозените деца во Индија. Сепак, неговата заработувачка е далеку од онаа што Кристијано ја заработува како фудбалер и преку спонзорства. Иако за многумина тој е далеку позгоден од познатиот фудбалер.
Хавиер и Георгина не биле во контакт долго време, но се шпекулира дека таа е во контакт со неговата сестра Ивана.