Овен (21.03 – 20.04)
Денес нема да внимавате на финансиите па ќе потрошите поголема сума на пари. Односите со партнерот се заладени и ќе треба многу напор за да се поправат грешките од минатото. Вие ќе морате да направите компромис помеѓу тоа што сакате и тоа што ви се нуди. Од вас зависи што ќе прифатите.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате добар план и многу сте амбициозни, затоа и успехот нема да изостане. Денес ќе се обидете да договорите неколку средби што ќе ви помогнат работата да тргне по нагорна линија. Ќе успеете да ги завршите сите планирани нешта, но потребно е да најдете време и за партнерот. Семејството ќе биде вашето омилено друштво со кое ќе го поминете викендот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Добро размислете како да ги сочувате вашите професионални интереси. Седнете и размислете за приоритетите што ги имате поставено и решавајте ги проблемите еден по еден. Денес е можно на вашата сметка да легне одредена сума на пари и ќе треба да размислите како да ги потрошите. Престанете да живеете од денес за утре, морате да почнете да правите планови за иднина.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе имате сјајна можност да направите некој прифитабилен или корисен професионален договор, при што ќе ви се откријат и нови позитивни идеи. Тркалото на среќата на работата ќе се сврти во ваша корист. Во љубовта ќе настапи монотонија, но вие веќе сте навикнати на тоа па затоа нема да дојде до големи промени.
Лав (23.07 – 22.08)
Обидете се да си ги сочувате нервите и да ги избегнете непријатностите. Во попладневните часови ве очекува средба со една личност која многу ви се допаѓа. На средбата може да се случи да откриете дека таа не онаква каква што би сакале. Не се откажувајте и не давајте оценка предвреме. Дајте и уште една шанса.
Девица (23.08 – 22.09)
Подготвеноста да преземете ризик ќе ви се исплати, посебно доколку сакате да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот. Преземете се што треба за да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Некоја Шкорпија ќе ви подаде рака за помош.
вага1
Вага (23.09 – 22.10)
Во љубовта проблеми и несогласувања, ако сакате да ја задржите врска премолчете. Ако мислевте да почнете некаков проект на професионално поле, денес е вистинскиот ден. Не заборавајте дека важно е да го направите она што чувствувате, а не она што другите сакаат да го направите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Потребно е да направите некои промени за да продолжите понатаму. Овој ден е одличен за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас, затоа немојте да го повишувате тонот доколку некој погрешил, премолчете и насочете го кон успехот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Колку и да копнеете работите да се случуваат со огромна брзина, подобро е да го забавите темпото на живот и да се движите со мали, сигурни чекори. Ќе сретнете интересна личност со нестандардни размислувања која ќе ви ги отвори очите за многу нешта на кои досега не сте им обрнувале внимание.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе имате некои несогласувања со вашите блиски лица. Се однесувате енергично на средбите со соработниците и поставувате нови барања, со кои сакате да го унапредите своето професионално искуство и заеднички успех. Не дозволувате можност за неочекувани промени во професионалните преговори.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во љубовниот живот посакувате некои нови и повесели случувања. Смислено го избирате вистинскиот момент да ги оставрите своите намери или на саканата личност да и соопштите важни планови. Сакате да воспоставите подобра котрола над новите случувања во љубовниот однос.
Риби (20.02 – 20.03)
Ако сте се насочиле кон некоја посебна цел во кариерата, денес ќе добиете голема помош од планетите во исполнувањето на тоа. Пред вас е можност за дополнителна заработка, но нема да бидете сигурни дали сте на правиот пат. Вашата ментална енергија е силна па нема лесно да потфрлите.