“ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ“: Антониo Милошоски со своите пет деца славеше роденден

by Тони Зографски

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, наполни 45 години.

Тој роденденот го прослави дома, со сопругата Симона и неговите пет деца, ќерките Дариа, Михаела, Илина и синовите Давид и Филип.

„Цело е кога има сè – роденденската желба ми е исполнета со насмевките на најсаканите“, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил и додаде дека родендненот го слави ден пред неговиот именден, Свети Антониј.

останати вести