Пратеник на Северната лига во Италија, Флавио ди Муро,за време на говор на седница на Парламентот, извади прстен и ја запроси својата колешка од истата институција, Елиза де Лео.
– Елиза, ќе се омажиш ли за мене?, праша Ди Муро.
Девојката, инаку, е од истата партија.
Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање.
Претседавачот со седницата, сепак, имаше помалку разбирање за тоа и замоли да се запази редот во собранието.