Никола Шалевски д-р. вет. мед.
Ветеринарна Амбуланта Прима Вет Медика – Скопје
Празниците пристигнаа, со нив и новогодишните и божиќните трпези, кои се збогатуваат со традиционална храна која се дели низ целото семејство. Милениците се чуствуваат како дел од семејствоѕто и сакаат да учествуваат во сите активности на семејството вклучувајки ја и празничната трпеза. Но ситемот за верење на храната, како и метаболизмот на човекот доста се разликува од оние на милениците. Еволутивно човекот бил хербивор и се исранувал со корени, плодови и семиња од разни растениа, кои се составени претежно од јаглени хидрати кои ние лесно ги преработуваме и искористуваме. За разлика од нас нашите кучиња и мачиња се месојади и нивниот организам најдобро ги преработува хранливите материи од анимално потекло. Исто така, храната од растително потекло често содржи и алкалоиди за кои човекот развил разни ензими да ги преработува и неутрализира , па затоа при нивна конзумација тие не се токсични за нас, но кај кучињата и мачките може да предизвикаат јаки труења. Еве неколку храни на кои треба да обрнеме внимание:
- Алкохол
Алкохолот е штетен и за луѓето но во многу поолема мера и за милениците. Мала количина може сериозно да го наруши здравјето на милениците. Тој го оштетува црниот дроб и моче да предизвика потешкотии во дишењето, тремори,колабс и кома.
- Кафеин
Кафеинот во количините што ги конзумираме во чајот и кафето се токсични за милениците затоа внимавајте на да не оставате недопиени шолји, како и десерти коисодржат кафе или слични адитиви на дофат на милениците. Кофеинот ја пореметува работата на срцето и го оштетува црниот дроб.
- Бомбони
Во модерно време бонбоните освен големата количина шеќер содржат и други адитиви и вештачки засладувачи како што е Хилитолот кој предизвикува колабс на црниот дроб, затоа внимавајте на бомбоните да не се на дофат на милениците.
- Чоколадо
Какото е содрши теобромин кој е многу токсичен алкалоид за милениците. Во помали количини посебно млечните чоколади со мал прцент на какао нема да направат поголемо оштетување, но сепак треба да се избегнува било каква конзумација на чолочада посебно да се внимава на оние чоколади со висок процент на какао да се држат далеку од дофатот на милениците.
- Млечни производи
Свежите млечни производи што содржат лактоза како пресното млеко, сирење и кашкавал се штетни за милениците бидејки немаат микро флора која може ефекривно да ја преработи, па затоа конзумирани во поголема количина предизвикуваат дигестивни проблеми. Спротивно на тоа јогуртот и киселото млеко содржат млечно киселински бактерии кои го подобруваат варењето, но сепак несмеат да се даваат во големи количини бидејки ја спушт рН вредноста на дигестивниот систем и го закиселуваат организмот.
- Лук и кромид
Овие зеленчуци се доста чести во празничните јадења. Прекумерна нивна конзумација кај домашните миленици предизвикува оштетување на еритроцитите и анемија.
- Јаткасти плодови
Тие имаат многу висока содржина на маснотии и може да содржат други токсини кои можат да резултираат со надразнување на стомакот или други сериозни здравствени компликации. Макадемијата посебно во мали количини, може да биде особено токсична и да резултира со повраќање, тремор, парализа, тахикардија и други компликации.
- Суво грозје и грозје
Конзумирањето на овие плодови, дури и во мали количини, може да предизвика рапиден колапс на бубрезите кај кучињата, затоа дршете ги овошните колачи и сувото овошје надвор од дофатот на милениците.
- Сол и шеќер
Солта доста често и прекумерно се консумира за време на празниците, а кога ја консумираат милениците, може да предизвика прекумерна жед, мокрење или полошо. Таа е особено штетна за кучиња со оштетени бубрези или кардиоваскуларни проблеми. Шеќерот пак го има прекумерно во традиционалните десерти при прекумерна конзумацијапредизвикува кариес на забите, гојазност, па дури и дијабетес. Исто така лошо делува на кучињата кои патат од артритис.
- Свинско месо
Освен преголемата количина на заситени масти, кои предизвикуваат гојазност, себореични дерматити, проблеми со аналните жезди и ред други пореметувања, свинското месо може да предизвика воспаление на панкрасот кое често завшува со летален исход.
- Коски
Често после оброкот знаеме отпадоците да ги дадеме на милениците. Милениците имаат потреба да глодаат коски и цврсти предмети за да ги чистат забите од каменец и наслаги. Но со термичката обработка, осеинот во коските се распаѓа и коската ја губи еластичноста. Милениците тогаш одгризуваат поголеми парчиња кои немаат никаква хранлива вредост, а се однесуваат како страни тела во дигестивниот систем, кои предизвикуваат иритаци, маханички оштетување, опстипации а не ретко и руптури кои може да завршат фатално за миленикот.