Во вчерашниот пожар на граничниот премин Ново Село – Златарево на македонско-бугарската граница целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета. Уништени се многу документи. „БГНЕС” пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале.
Поради пожарот се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин. Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево.